Реакција

СДСМ: Мицкоски продолжува да го брани криминалот на Груевски

Христијан Мицкоски не собра сили да се огради од криминалот и злоделата на неговиот ментор и шеф Никола Груевски. Со тоа, Мицкоски се определи за Никола Груевски по секоја цена. Најавата за бришење на функцијата почесен претседател, без осуда, без оградување од криминалот на Груевски е уште еден прочитан блеф на Мицкоски, реагира СДСМ на вчерашното интервју на Мицкоски за ТВ 24.

„Мицкоски се опкружи со луѓе од режимот меѓу кои и исцелител, но и човек кој јавно на телевизија навредуваше пратеници на СДСМ и бранеше насилници кои насилно упаднаа во Собранието. Со такви ликови се борат само за обнова на режимот, заробената држава и груевизмот.

Лажните преродби и обнови се стариот крив пат на Груевски и Мицкоски. Членството во НАТО и ЕУ и носењето на парите кај граѓаните е правиот пат.

По неколку изборни порази Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да се подготвуваат за нов пораз на наредните избори, кога и да се“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе