СДСМ: Мицкоски, повикај ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат барањето за автентично толкување  

Зошто Христијан Мицкоски тактизира, врти од околу, не кажува јасен став и не ги повикува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Барањето поднесено од пратеници на СДСМ за автентично толкување, прашува СДСМ во денешното соопштение.

„Со автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, се спречуваат обидите да се врати незаконската аболиција на Ѓорѓе Иванов.

СДСМ се бори за правда, за одговорност за сите коишто се огрешиле и амнестии нема да дозволи да се случат.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ брани криминал. Мицкоски да излезе пред јавноста и да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за автентичното толкување”, пишува во партиското соопштение.

 

 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе