Реакција

СДСМ: Мицкоски отиде кај менторот Груевски да му ги одобри листите за пратеници

Извршителот Мицкоски отиде на нови консултации кај својот ментор во Будимпешта Никола Груевски, да му ги одобри листите за пратеници. Мицкоски не смее да понуди ништо, тој само ги извршува наредбите на неговиот шеф, Никола Груевски. Дури ниту листите за кандидати за пратеници не смее да ги подготви без Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ по информацијата дека Мицкоски денеска имал средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Листите за кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат во Будимпешта директно од криминалецот Груевски, Мицкоски само треба да  ги донесе. Е на таков извршител е сведен Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ја води Груевски, човекот којшто од Република Северна Македонија направи заробена држава, кој прислушуваше над 20 илјади граѓани, кој го зароби судството, монтираше судски процеси и нарачуваше пресуди.

Извршителот Мицкоски е само негова продолжена рака и има задачи да ги продолжува политиките на Груевски и да инсталира негови луѓе во Собранието на Република Северна Македонија.

Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу одговорните политики на СДСМ и претседателот Заев што носат напредок, економски развој и интеграција и деструктивното делување на Мицкоски кој го брани криминалот, изолацијата и обновата на режимот“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе