СДСМ: Мицкоски не се огради од насилниците од 27 април

Одлуката на Кривичниот суд да одобри обвинение против Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасов за организирање на насилството од 27 април е потврда дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад упадот во Собранието. Христијан Мицкоски не само што не се огради од насилниците, туку тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ до ден денес ги поддржуваат, се вели во соопштението на СДСМ.

„27 април е вистинското лице на режимот, вистинското лице на насилничката криминална матрица на ВМРО-ДПМНЕ, кое што продолжува и во лицето и делото на Христијан Мицкоски.  Со продолжување на политиките на Груевски, Мицкоски покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ се уште е присутна насилничката, режимска матрица и дека освен насилство, освен одбрана на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски можат да се подготват за пораз на 12 април.

Граѓаните нема да дозволат враќање на режимот, враќање на насилството и поделбите и на 12 април ќе порачаат режим никогаш повеќе! 27 април е најцрниот датум во историјата на нашата демократија и одговорност за тој случај мора да има. Низ отворена, законска судска постапка мора да бидат санкционирани сите кои го организирале, нарачале и спровеле насилството од 27 април“, соопшти СДСМ.

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе