СДСМ: Мицкоски не честиташе за годишнината од приемот во НАТО

Христијан Мицкоски постојано е на погрешната страна, на спротивната страна од интересите на граѓаните, било тоа кога се работи за здравјето на граѓаните или за државните интереси. Мицкоски постојано ја поткопува борбата против пандемијата и работи против здравствениот систем, тој беше прв кој ги кршеше мерките за заштита од коронавирусот, а неговата ВМРО-ДПМНЕ и денес ги злоупотребува заболените и починатите од ковид-19, организира масовни собори каде не се почитуваат никакви протоколи, се вели во денешното соопштение на СДСМ. 

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го честитаа приемот на Северна Македонија во НАТО, не ја честитаа ниту првата годишнина од членството на нашата земја во најголемиоти најмоќен воено-безбедносен сојуз. Во меѓувреме, целата јавност гледа како ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозициски партии ја блокира работата на Собранието и кочи важни законски решенија во интерес на граѓаните и државата.

Токму заради неговото незрело, неодговорно и несериозно однесување, Мицкоски доживеа серија порази од граѓаните. Продолжувањето на деструкцијата само покажува дека Мицковски нема чувство за државен интерес, за интерес на граѓаните, туку дека тој се води од личните и партиските интереси. Неговите деструкции беа поразени и тоа ќе се случува и понатаму“, соопшти СДСМ.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе