СДСМ: Мицкоски како директор на ЕЛЕМ купувал трипати поскапа струја, за 250 евра иако цената била 70 евра

Мицкоски нема познавања од енергетиката, зборува невистини, по логиката што очигледно тој ја применувал, вели СДСМ.

Како директор на ЕЛЕМ Мицкоски е тој во чиј мандат АД ЕСМ купуваше електрична енергија по три пати поголема цена, за 250eвра/мвч, во време кога струјата се продаваше по 70евра/мвч. Без никаква енергетска криза.

Христијан Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешниот директор на АД ЕСМ, а потоа и советник на Груевски, во чие време цената на електричната енергија се зголеми за 100 проценти, а тогаш немаше никаква енергетска криза.

Тој лажно обвинува дека АД ЕСМ ги оштетила граѓаните. АД ЕСМ ги продава ноќните вишоци струја на аукција, на која може да учествуваат сите заинтересирани страни и на која се избира најповолниот понудувач.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе