„Со денешното признание Мицкоски потврди дека никогаш не бил за членство на државата во ЕУ, дека свесно и намерно ги правел сите блокади и опструкции кои ја оддалечуваа државата од интеграција во ЕУ.
Денеска Мицкоски дејствуваше заедно со својот коалициски партнер Левица, предводена од Димитар Апасиев која е единствената партија со отворена поддршка за руската агресија врз Украина.
Лажните вести што синхронизирано се шират овие денови на дело ја потврдија и анти НАТО и анти ЕУ коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
Мицкоски и Апасиев се само истурен дел од оваа коалиција чија цел е државата да биде закочена, да има тензии и да бидеме оддалечени од демократскиот свет“, соопштија од СДСМ.
Оттаму додаваат дека протест за кое било прашање е уставно гарантирано право, но процесот на широки консултации сѐ уште е во тек со сите политички и општествени чинители.