СДСМ: Мицкоски им штети на државните институции и нивната професионална посветеност

 Во период кога државата максимално ги вложува сите кадровски и технички капацитети за да го спречи ширењето на опасниот вирус, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со политичкото и финансиското профитирање. Крајно несериозно е политичка партија како ВМРО-ДПМНЕ да ја користи секоја прилика за партиско профитерство. Мицкоски во многу наврати периодов демонстрираше неконструктивност, незнаење и креираше лажни вести само да им наштети на државните институции во нивната професионална посветеност кон здравствената криза, се вели во соопштението на СДСМ.

„Со таквото однесување Мицкоски уште еднаш покажува дека личните и партиските интереси му се далеку поважни отколку здравјето на граѓаните, отколку економската состојба во државата. Наместо да се обидуваат да профитираат политички од кризата со коронавирусот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од финансирањето на партијата од буџетот, а ослободените пари да се пренаменат во фондот за справување со последиците од коронавирусот“, соопшти СДСМ.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе