Реакција

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, не можат да го одбранат криминалот

Нервозата на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ е голема затоа што не можат да го одбранат криминалот на режимот, реагира СДСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски се плаши од правдата. Особено имајќи предвид дека осомничениот Димитар Димовски е дел и од заедничката фирма токму со Мицкоски, која добива државно земјиште за бизнис со хидроцентрали од владата на Груевски.

Колку тоа да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, сите што прекршиле закон мора да понесат одговорност, пред надлежните правосудни органи.

Времето кога судството и обвинителството беа партиски органи заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција”, пишува во соопштението од СДСМ.

 

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе