Реакција

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го признаваат успехот во евроинтеграциите

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски останаа единствените кои не го признаваат успехот и најпозитивниот Извештај на Европската комисија и гласно навиваат да не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ. Низ јавните настапи на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ делува како Тања Каракамишева, советничката на Мицкоски, почнала да ги пишува прес-конференциите на опозициската партија каде јавно велат дека се против процесот на интеграција, се вели во реакцијата на СДСМ на конференцијата за медиуми на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Таквото однесување не изненадува ако се знае дека денешните соработници на Мицкоски, како Каракамишева, Александар Николовски и Антонијо Милошоски беа дел од режимот на Груевски кој 11 години ја држеше државата заробена во изолација, криминал и сиромаштија. За само две години, од заробена држава денес сме светол пример во регионот. Колку и да е неприфатливо за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, нашата држава е де факто 30-та членка на НАТО и доби кристална безусловна препорака за почеток на преговорите со ЕУ.

Граѓаните избраа иднина, интеграции, повисоки плати, професионална администрација и кажаа НЕ на деструктивноста, изолацијата, сиромаштија, и антидржавното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе