СДСМ: Мицкоски и Апасиев се осамени против ЕУ

Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се единствените политичари кои јавно се декларираа како анти ЕУ политичари, кои работат против интеграцијата на државата во ЕУ. Мицкоски и Апасиев заедно работеа на дестабилизација на државата, заедно ширеа лажни вести и хистерија, заедно креираа крвави сценарија што не им успеаја, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Денес, освен Апасиев и проруската Левица, никој повеќе не верува во лагите на Мицкоски уште помалку некој го поддржува во идејата за референдум која служи само за негова лична, внатрепартиска употреба.

Поради таквиот однос Мицкоски се испокара со коалициските партнери, затоа и другите опозициски партии му го свртеа грбот. Мицкоски е осамен, придружуван единствено од Апасиев со кого заедно работат за туѓи центри на моќ.

Нивните деструкции и обиди за изолација на државата нема да успеат, нивните блокади повторно ќе бидат поразени од граѓаните“, соопшти СДСМ.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе