СДСМ: Мицкоски ги следи само принципите на груевизмот

Единствениот принцип во кој верува Христијан Мицкоски е принципот на груевизмот, ВМРО-ДПМНЕ да се богати додека граѓаните и државата осиромашуваат и тонат во долгови, реагираат од СДСМ на говорот на Мицкоски на денешниот собир на партијата – „Обновата доаѓа", што се одржа во спортската сала „Јане Сандански" во Скопје.

„Мицкоски може да нуди само обнова на режимот, затоа што и тој е дел од режимот како советник и генерален секретар на Никола Груевски. Какви промени зборува овој загубен човек? Па тој ништо не промени во ВМРО-ДПМНЕ и нема ниту дозвола ниту капацитет за повеќе. Мицкоски е портпарол на Никола Груевски и ништо повеќе. Ставовите на Мицкоски во однос на правдата се најголемата денешна лага. Тој е најголемиот кочничар на правата и го брани криминалот на режимот.

Да беше за одговорност Мицкоски уште денеска ќе го повикаше на одговорност неговиот секретар Игор Јанушев. Затоа што како потписник на сметката го прекршил Изборниот законик со незаконски долг од 400.000 евра за кампањата. Најбогатата партија во Европа со замрзнат милионски имот да најавува закон за утврдување на потеклото на имотот на политичарите е дрско и лицемерно. Еве нека не го опструираат случајот Талир и Талир 2 и криминалните пари од белиот дворец ќе се вратат кај граѓаните.

Мицкоски е дефиниција за политикант затоа што едно зборува дома, а друго надвор, едно кажува во јавните настапи а друго на средба со странски претставници. Западнат во очај и безидејност денеска Мицкоски ветува мерки што веќе се спроведуваат и даваат резултати. Затоа ВМРО кочничарска ДПМНЕ го кочи покачувањето на пензиите во Собрание, донесувањето на Законот за одбрана, ја опструира правдата. Тоа е понудата на Мицкоски, лицемерие, лажен патриотизам и обнова на режимот. Со таква понуда го чека извесен пораз на 12 април. 12 април е Денот Д за расчистување на последните остатоци од режимот на Груевски. На изборите граѓаните ќе ја поразат деструктивната политика и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!" порача партијата СДСМ.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе