Реакција по говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Мицкоски ги навреди граѓаните, тој e хистеричен според сите дефиниции

„Губитникот Христијан Мицкоски е осамен и изолиран во сопствената хистерија, во сопствениот очај. Тоа се гледа на секој негов таканаречен протест, каде има се помалку негови поддржувачи", се вели во сопштението на СДСМ како реакција на неговиот говор пред Владата.

Откако призна за самиот себе си дека е хистеричен, Мицкоски ги навреди граѓаните, ги навреди Македонците, без срам и перде за хистеричен го прогласи целиот македонски народ.

Тоа воопшто не е точно и Мицкоски е најсоодветно да се извини. Македонците не се хистеричен народ, хистеријата е само кај губитникот Мицкоски, реагира СДСМ на говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот антивладин протест пред Владата.

„Губитникот Христијан Мицкоски е осамен и изолиран во сопствената хистерија, во сопствениот очај. Тоа се гледа на секој негов таканаречен протест, каде има се помалку негови поддржувачи", се вели во сопштението на СДСМ во кое притоа е наведен и линк од интернет каде се дава дефиниција за поимот хистерија.

Најавите за некакви блокади на државата не се ништо ново, тоа е единствената желба на губитникот Мицкоски, да ја закочи државата, да го закочи напредокот, членството во ЕУ.
Но нема да успее очајниот Мицкоски. Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет, наведува партијата.

„Мицкоски, граѓаните често те прашуваат зошто си толку деструктивен по државните и национални интереси а ти не знаеш што да одговориш. Одговорот е едноставен: Ти самиот не знаеш и не можеш да понудиш ништо, затоа што немаш став. Мицкоски, ти не си го познаваш народот, затоа народот те казни и сега во опозцијата", се вели на крајот на соопштението.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе