Реакција

СДСМ: Мицкоски ги дели граѓаните и на верски празник

Антинародниот Христијан Мицкоски не ги почитува ниту граѓаните, ниту верниците. Додека сите упатуваат честитки до граѓаните, додека сите ги промовираат вредностите на заедништво и меѓусебно почитување, Мицкоски на верски празник продолжува да лаже и да ги дели граѓаните, реагира Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ на денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е точно дека Законот за употреба на јазиците е неуставен, вистината е дека во целост е во согласност со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија. Законот  ја регулира употребата на албанскиот јазик кој во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2001 година и истиот никако не влијае на употребата и заштитата на македонскиот јазик кој е прв официјален јазик во Македонија, а сега и меѓународно признат од целиот свет.

Антизападниот Мицкоски не успеа да ја спречи интеграцијата во ЕУ и НАТО и нема да успее преку неосновани пријави да го спречи градењето на концептот едно општество за сите, којшто е силно поддржан од мнозинството граѓани.

Македонија, граѓаните, ставија крај на црнилата и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ, одбраа иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат Мицкоски да ги врати во темното минато на криминал и неизвесност“, соопшти СДСМ.

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе