Реакција

СДСМ: Мицкоски е шпицен аутсајдер

Мицкоски е шпицен аутсајдер, кој после трет пораз на избори одбива да се помири дека граѓаните не ги поддржуваат неговите груевистички политики, се вели во реакцијата на СДСМ по вчерашната одлука на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да ги продолжи преговорите за парламентарно мнозинство.

Според СДСМ, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се изгубени и во просторот и во времето. „Мицкоски губи трети избори по ред и сѐ уште одбива да се помири дека граѓаните сакаат да одат напред, а не да се враќаат назад. Тој е поразен политичар кој ги потценува граѓаните, ги потценува гласачите, па дури ги потценува и лаже и сопствените членови и поддржувачи. И Мицкоски и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ мислат дека со лажни приказни, со креирање лажна реалност можат да ги излажат граѓаните. Мицкоски единствено за што може да преговара е за столчето во белата палата, зашто и тоа му е климаво“.

Според владејачката партија Мицкоски „од шпицен кандидат стана шпицен аутсајдер и затоа најдобро е да оди надвор од политиката, бидејќи граѓаните јасно му го покажаа патот“.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе