СДСМ: Мицкоски е против ЕУ

Христијан Мицкоски е против ЕУ, тоа е кристално јасно. Тоа што го прави Мицкоски е единствено од негови лични и партиски цели за да си ја сочува фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ. Откако му потонаа сите лаги и почнавме преговори со ЕУ со чист македонски јазик и заштитен македонски идентитет Мицкоски е очаен. Се плаши од јакнењето на проевропското крило во ВМРО-ДПМНЕ кое размислува различно од Мицкоски и сака државата да продолжи напред, се вели во денешната реакција на СДСМ по најавата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум против Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија.

„Мицкоски е лицемерен, неговото политиканство е прочитано и бледо.
Истито тој Мицкоски беше и против Преспанскиот договор и тврдеше дека со овој договор ќе сме го изгубеле идентитетот. Ниту изгубивме идентитет, ниту веќе Мицкоски го спомнува Преспанскиот договор.
Истиот тој Мицкоски, јавно, пред камери на бугарски јазик на бугарскиот премиер Борисов му кажа дека го поддржува Договорот за добрососедство со Бугарија.
ВМРО-ДПМНЕ организираше референдум против територијалната поделба во државата и за време на тој референдум кој беше неуспешен зборуваше дека дента кога ќе дојдат на власт ќе ја укинат територијалната поделба. 11 години беа на власт, не ја укинаа територијалната поделба.
Референдумот на Мицкоски нема поддршка од граѓаните, од опозициските партии и нема да успее. Мицкоски не може да го спречи европскиот пат на земјата“, соопшти СДСМ.

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе