Реакција

СДСМ: Мицкоски е поразен, демократските промени се заокружија, имаме вистински претседател

Политичката реалност е дека Мицкоски е поразен на претседателските и локалните избори, демократските промени се заокружија, наместо нов Иванов имаме вистински претседател кој води напред. Граѓаните на 5-ти мај гласно порачаа дека не сакаат кочење, не сакаат враќање назад, не сакаат деструкција и режим, реагира СДСН на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Волјата на граѓаните е јасна, граѓаните сакаат напредокот да продолжи, сигурна иднина, членство во ЕУ, НАТО. Затоа го поддржаа концептот предводен од Пендаровски за заедништво, обединување, напредок.

Тоа се пораките на граѓаните, тоа е политичката реалност. Таа не зависи од тоа дали Мицкоски ја прифаќа или се залажува себе си. Причините за поразот на претседателските избори, како и за поразот на локалните избори Мицкоски треба да си ги побара кај себе.

Вака, покажува дека толку е очаен Мицкоски што пред своето членство поразот на претседателските избори, поразот на локалните избори во Охрид и поразот на локалните избори во Ново Село ги претставува нереално. Република Северна Македонија продолжува напред“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе