Реакција

СДСМ: Мицкоски е ист како Груeвски, одобрува хајки против невладини огранизации

Очајот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кулминира со панични соопштенија по нотите на Груевски. Мицкоски е ист како Груевски, ја одобрува и продолжува хајката кон невладините организации, што ВМРО-ДПМНЕ ја правеше додека беше на власт. Буквално ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заврши времето кога институциите на државата беа алатки за уцени, рекет и закани во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од СДСМ покажа и докажа дека борбата против криминалот и корупцијата е врвен приоритет и токму затоа ВМРО-ДПМНЕ излегува со вакви панични соопштенија.

За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ правдата и одговорноста се непознати поими. Денес институциите постапуваат независно, професионално и неселективно во борбата против криминалот. Секој кој што го прекршил законот, без разлика на политичка или било каква припадност ќе сноси одговорност. Обидите да се прикрие криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и заштитат тајкуните нема да успеат.

Република Северна Македонија е правна држава во која секој е еднаков пред законот, без разлика дали тоа им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе