Реакција

СДСМ: Мицкоски е фрустриран зашто Заев ги брани државните интереси

Антизападниот пион Христијан Мицкоски е очигледно фрустриран поради тоа што премиерот Зоран Заев жестоко ги брани државните и националните интереси, членството во ЕУ и НАТО. И тоа го прави секаде, и во јавните настапи и во телефонските разговори, реагира СДСМ на изјавата на Мицкоски.

„Оставка не поднесува оној кој што се бори државата да стане полноправна членка на НАТО, и да продолжат интеграциите во Европската унија. Заканите од хибридни напади, лажни вести и манипулации се само затоа што сме посветени и стануваме 30-та земја членка на НАТО.

Мицкоски треба да се засрами што им слугува на туѓите интереси, на они кои не сакаат нашата татковина да стане членка на НАТО и ЕУ”, изјави Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.

Во однос на предвремените избори, тој рече дека Мицкоски исто вака лажно се силел и пред претседателските избори, па доживеа пораз.

„Антизападниот Мицкоски, кој нема ниту програма ниту понуда, може да се надева само на уште еден пораз. Покрај сите лажни вести, манипулации, покрај деструктивноста на Мицкоски, успехот во нашите стратешки цели на државата и граѓаните не може да се запре”, додаде Костадинов.

 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе