СДСМ: Мицкоски е фатен со рацете во медот, па сега фабрикува лаги за Ковачевски

Докажаниот криминалец Христијан Мицкоски е фатен со рацете во медот за тендер и провизии од 136 милиони евра, додека Димитар Ковачевски чесно работи за граѓаните, и затоа ВМРО-ДПМНЕ очајно фабрикува лаги за претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, реагираат од СДСМ на прес-конференција за наводната афера Броило. 

„Ниту една фабрикувана лага на ВМРО-ДПМНЕ не може да го покрие фактот дека Ковачевски не е дел од сопственичката структура на компанијата Пиксел Гроуп и не е сопственик.

Сите податоци за повлекувањето на Ковачевски уште на 28.09.2020 година се јавно објавени и достапни.

Дека станува збор за класична фабрикувана лага на ВМРО-ДПМНЕ се гледа од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, којашто се однесува на сите компании кои исполниле услови. Наместо афера ДПМНЕ денеска пласираше издишан балон. На многу наивен и лош начин Мицкоски покажува колку се плаши од чесниот Ковачевски кој вредно работи за граѓаните. Особено откако Ковачевски го порази Мицкоски на првото изборно соочување, на предвремените локални избори“, се вели во реакцијата на партијата. 

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе