Партиско соопштение

СДСМ: Мицкоски е бранителот на криминалот

„Мицкоски е најголемиот бранител на криминалците па не може да се помири што правдата стигна и што сите се еднакви пред законите. За разлика од времето на режимот кога од „белиот дворец“ се нарачуваа и пишуваа судски пресуди, денес институциите работат професионално, независно и неселективно кон секое прекршување на законите. Затоа за Мицкоски е проблем што денес за разлика од времето на режимот, нема недопирливи“, реагира СДСМ.

Христијан Мицкоски секојдевно докажува дека е единствен и најголем бранител на криминалот и криминалците и тој не може да се помири што денес правдата е еднаква за сите, не може да се помири затоа секој што се огрешил пред законот - одговара, затоа што нема повеќе недопирливи, се вели во соопштението на владејачката партија СДСМ.

„За разлика од времето на режимот кога од белиот дворец се нарачуваа и пишуваа судски пресуди, денес институциите работат професионално, независно и неселективно кон секое прекршување на законите. Затоа за Мицкоски е проблем што денес за разлика од времето на режимот, нема недопирливи, нема групи и поедници кои се над законите и нема однапред осудени, без разлика дали станува збор за претставници на опозицијата, на власта или било кој граѓанин“, се вели во соопштението.

Според СДСМ, лажни вести, блефирања и дејствување на штета на граѓаните е сѐ што нуди докажаниот губитник Мицкоски.

„Негова пуста желба е да дојде на власт со идеи за неправди и нови конфликти, а негова сурова реалност е тоа што губи на секој изборен циклус. Мицкоски е поразен политичар без став, без идеја, тој не донесе ништо ново и е срам за десницата во Северна Македонија“, се вели на крајот од сооштението на СДСМ.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе