Реакција

СДСМ: Мицкоски е антизападен и антинароден политичар

Народ веќе му се случи на очајниот Христијан Мицкоски,  граѓаните веќе три пати ги поразија неговите антидржавни политики. Затоа Мицко побегна од граѓаните и изборите во Штип. Мицкоски треба веднаш да му честита на премиерот Зоран Заев и на Владата предводена од СДСМ, бидејќи за само три години имаме земја 30-та членка на НАТО и отворени перспективи кон Европската Унија, реагира СДСМ на денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Заев е симбол за успех и напредок, Мицкоски е симбол за пораз, деструкција и одбрана на криминал. Граѓаните знаат дека Мицкоски е антизападен и антинароден политичар кој сака да ја врати државата назад во изолација и режим. Три години губитникот Христијан Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ правеа се за да го отежнат патот на државата кон ЕУ и НАТО, а денес истиот тој Мицкоски глуми дека е за членство во ЕУ. Не успеа. Мицкоски не смогна сили ни да аплаудира во Собранието на денот кога станавме 30-та земја членка на НАТО, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа единствените кои блокираа реформи и структурни закони важни за интеграцијата во ЕУ. Храбрите политики на претседателот на СДСМ Зоран Заев, потпишувањето на Преспанскиот договор и на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија ја прекинаа агонијата на неизвесност во државата, ги решија децениските заложби на граѓаните и државата за евроатлантска перспектива.

Нашите политики во изминатите три години се конзистентни, нашиот идентитет е цврст како бетон, а македонскиот јазик признат, еден од јазиците на ЕУ, запишан во ООН, па и договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија е потпишан и на македонски јазик.

Јасни се ставовите на СДСМ, а Мицкоски како и секогаш за крупните прашања нема став, и секогаш е против националните и државни интереси“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе