Во партиското соопштение се додава:
„Христијан Мицкоски молчи и не коментира ништо за јасните пораки на нашиот стратешки партнер. Дали Мицкоски утрово провери кој е ставот на Апасиев за силната поддршка од Германија, за да може денеска да излезе со став во јавноста? Како и често пати досега, очигледно Мицкоски прво ќе провери кој е ставот на Апасиев чиј заложник е, за потоа да даде наредба во Белиот дворец како партијата ќе комуницира. Мицкоски е слаб, без став, неодлучен и затоа стана заложник на Левица и Апасиев, затоа идеолошки ја обезличува неговата ВМРО-ДПМНЕ“.
Во сооппштението СДСМ најнапред наведува дека германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер ја реафирмирал поддршката на Сојузна Република Германија на нашиот евроинтегративен процес и дека потсетил оти одлучноста за спроведување на реформите е клучна за да се зачуваат демократијата и европските вредности, но и дека државата не смее да скршне од патот кон ЕУ.
„Претседателот на Германија потсети и на историската одговорност што сите пратеници ја имаат со усвојување на уставните измени за реализација на децениската стртатешка цел - членство во ЕУ. Северна Македонија има силен поддржувач на евроинтегративниот пат во Германија а посетата на Штајмајер е последната потврда за тоа“, наведуваат од СДСМ.