СДСМ: Мицкоски бега од избори во Штип, се плаши од уште еден пораз

СДСМ во утринското соопштение го обвинува претседателот на ВМРО, како што го нарекува „губитникот“ Христијан Мицкоски дека бега од изборно соочување во Штип, свесен дека го очекува уште еден пораз од граѓаните за неговите деструктивни, безидејни политики, неконструктивното однесување и немањето став за прашањата, клучни за иднината на државата.

„Стравот од уште еден пораз и губењето на фотелјата во белата палата, Мицкоски го затскрива зад лажната загриженост за здравјето на граѓаните. Да се грижеше Мицкоски за здравјето на граѓаните немаше да ги поткопува сите напори во борбата против коронавирусот, со опструкции, критики и лажни вести.

Само лицемер како Мицкоски бара вонредни парламентарни избори, а истовремено бега од предвремени локални избори во Штип. Мицкоски се обидуваше да избега и од парламентарните избори, и тогаш лажеше дека изборите се опасни за јавното здравје.

Но, институциите предводени од СДСМ на изборите на 15 јули покажаа дека може да се спроведе изборен процес целосно безбеден по здравјето на граѓаните“, се наведува во партиското соопштение.

 

 

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе