СДСМ: Масовната имунизација се одвива непречено

СДСМ и институциите што ги предводи, посветено работат за непречено одвивање на масовната имунизација на населението против коронавирусот, добавување на нови количини на вакцини и отворање на нови пунктови за вакцинација. Досега се аплицирани околу 200.000 дози вакцини, а ревакцинирани се речиси 26.500 граѓани, соопшти СДСМ.

„За масовната имунизација да тече непрекинато во државата пристигнаа нови 100.000 вакцини од кинескиот производител Синофарм. Вакцинирањето се одвива во здравствените домови и во регионалните пунктови. Покрај во Скопје, Битола, Кавадарци, Тетово, Штип, Куманово и Охрид следува отворање на нови пунктови за масовна имунизација во Велес, Струмица и Прилеп. Апелираме до граѓаните да се пријават за вакцинација, заедно да ја победиме пандемијата со коронавирусот.

За СДСМ како одговорна партија највисок приоритет е здравјето на граѓаните. Продолжуваме мерки и политики кои го штитат јавното здравје и го унапредуваат здравствениот систем во државата“, соопшти СДСМ.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе