СДСМ: Ковачевски обезбедува струја, енергенси и парно во пресрет на зимата

Во пресрет на најтешката зима во Европа по Втората светска војна, Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски обезбедува стабилно и сигурно снабдување со струја и енергенси, соопшти СДСМ.

„Обезбедени се доволно средства, за сите потреби од енергенси и топлинска енергија за претстојната зима.
Сите основни и средни училишта ќе бидат на регулиран пазар на струја. Со што ќе се намалат нивните трошоци и со што ќе обезбедиме непречен наставно-образовен процес со физичко присуство за целата зима.
Граѓаните, домаќинствата и малите потрошувачи добиваат стабилна и континуирана испорака на струја, а сметките за струја на граѓаните ќе продолжат да бидат субвенционирани со 80%.
Болниците и здравствените установи ќе бидат обезбедени со струја, преку ЕСМ продажба по цена која е поповолна од берзанската.
Донесена е и одлука за започнување на постапката за издавање лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар, парно во главниот град ќе има во текот на целата грејна сезона.
Ова се ефикасни, навремени мерки со кои ќе ги надминуваме последиците од глобалната енергетска криза, им помагаме на граѓаните, компаниите, училиштата, болниците“, се вели во соопштението на СДСМ.


Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе