Додека глуми загриженост за состојбата со коронавирусот, Мицкоски го малтретира своето членство со таканаречени протести загрозувајќи го и нивното и јавното здравје,
„Наместо да организира „протести", на кои и самиот не се појавува, Мицкоски треба да си го одржи предизборното ветување и да поднесе оставка затоа што ниту победи на изборите, ниту формираше Влада. Граѓаните одамна не му веруваат ниту нему, ниту на нереформираното ВМРО-ДПМНЕ кои не знаат ништо друго освен да бранат криминал, да прават опструкции и да делуваат деструктивно на штета на интересите на граѓаните", се наведува во соопштението на СДСМ.
Владејачката партија наведува дека „граѓаните знаат дека СДСМ и Владата што ја предводи, стои на нивна страна и помага кога е најтешко и затоа на Мицкоски му дадоа црвен картон на три последователни изборни циклуси".