СДСМ: Ќе има разврска за случаите каде осомничени се Милошоски, Османи, Јанкиески, Груевски...

По носењето на Законот за ЈО ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски се поразени. На ред е правосудството да воспостави правда, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Преку легитимни законски решенија создадовме услови за независно и професионално правосудство. Со Законот за Јавно обвинителство креираме независен обвинителски систем преку кој овозможуваме судска завршница на сите предмети покренати од СЈО кои се во судска постапка, но се создадени услови да продолжат и случаи кои се во фаза на истрага.

Во тие случаи како осомничени се главно функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Во досието „Моќник“ осомничен е Антонијо Милошоски, во предметот „Актор“ за одговорни се сметаат Никола Груевски и Миле Јанакиевски. Во „Империја“ се осомничени Орце Камчев и Сашо Мијалков, во „Друмарина“ е Силвана Бонева, а во досието „Пациент“ со Бујар Османи, како и други случаи кои имаат шанса да завршат со обвинителни акти и судски пресуди.

Сега е појасно зошто ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше на законот и зошто беше во мисија да го заштити својот и криминалот на Никола Груевски. Извршителот Христијан Мицкоски не успеа во намерата да ја загрози правдата и правната држава.

СДСМ ги обезбеди сите услови за брза и ефикасна завршница, и на судските постапки и на започнатите истраги. Сега на ред е правосудниот систем кој мора да заборави на 11 годишната режимска пракса кога функционираше под закани, нарачани притвори и телефонски пресуди“, соопшти СДСМ

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе