СДСМ: Како држава нѐ очекуваат сериозни предизвици

Како држава во наредниот период нѐ очекуваат сериозни предизвици, мора да се работи посветено уште од првиот ден и затоа ова се времиња кога е неопходна стабилна Влада која ќе одработи цел мандат за доброто на граѓаните, влада фокусирана на економијата, правдата и преговорите со ЕУ, соопшти денеска СДСМ.

правдата и преговорите со ЕУ, соопшти денеска СДСМ.

„После илинденските празници почнува процесот на преговори за можна коалициска соработка, но она што е јасно е дека сите пратеници во наредниот парламентарен состав ќе имаат можност да се приклучат на прогресивните сили предводени од СДСМ кои обезбедуваат успех, напредок и развој, поддржани од мнозинството граѓани и меѓународната заедница. Коалицијата што ќе ја предводи СДСМ ќе биде отворена за сите политички чинители, кои прифаќаат да се приклучат на патот кој води напред, односно европскиот пат, патот на правдата и економијата пред сѐ“, се вели во соопштените.

Од партијата упатуваат порака и до ВМРО-ДПМНЕ „најпрво да обезбеди демократија за своите членови кои не можат да дојдат до израз во така заробена партија, па потоа да обезбедува и придонесува за иднината на нашата земја“.

„Нека се реформира внатрешно, да согледа зошто губи на три изборни циклуси по ред, да расчисти целосно и недвосмислено со штетните политики на Никола Груевски и неговото наследство“, велат  од СДСМ.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе