Реакција

СДСМ: Кај 98,8% од потрошувачите на струја во просек ќе има покачување од само 7,4%

Кога Христијан Мицкоски ќе каже „реално“ тоа е како да им кажал на граѓаните само дека реално ги лаже. Толку вреди зборот на Мицкоски, се вели во реакцијата на СДСМ на вчерашните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е првпат Мицкоски да шири невистини околу цената на електричната енергија. Паметат граѓаните дека тој и ВМРО-ДПМНЕ кон крајот на минатата година лажеа дека струјата ќе поскапела 40, 50 отсто за на крајот да излезе дека таа не поскапе повеќе од 10 отсто во период кога на светските берзи цената на струјата растеше и двојно и тројно. Сега Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го прават истото. 

Вистината е сосема поинаква, а одлуката за корекција на цената ја носи независно регулаторно тело. Со оваа одлука за 98,8 отсто од семејствата цената на струјата ќе се покачи за просечно 7,4 отсто, што е далеку помалку од лагите на Мицкоски. 

Владата предводена од СДСМ ја субвенционира цената на струјата за крајните потрошувачи за 80 отсто и тоа ќе продолжи да го прави и во иднина. 

Колку е Мицкоски способен за енергетика покажуваат неговите мандати како советник за енергетика и ЕСМ кога државата беше комплетно зависна од скап увоз на струја, а цената на електричната енергија се зголеми за 100 отсто а беше укината и дневната евтина тарифа“, соопшти СДСМ.

 



Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе