СДСМ: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада се олицетворение на груевизмот

ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од лавиринтот на груевстичката режимска матрица.Потврда за тоа се тимовите на министрите од ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Тимот на Рашела Мизрахи е составен од лица кои се познати во јавноста како дел од режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ и биле дел од креирање на погубниот проект Скопје 2014, соработници на Диме Спасов и одговорни за омаловажувањето на сиромашните, стечајците и пензионерите. Дури и самата Мизрахи ги понижи жените на првиот ден од нејзиното назначување.

Тимот на Цветан Трипуновски против кого има кривична пријава за злоупотреба на 170.000 едвра,  е олицетворение за најцрните 11 години во земјоделството кога земјоделците осиромашуваа, производството пропаѓаше а кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се богатеа на сметка на макотрпниот труд на земјоделците.

Наќе Чулев пак, којшто сега е во МВР, беше директор на Агенцијата за разузнавање во време кога се случија настаните во „Диво Насеље“.  Оваа хипотека на Чулев ќе има негативни импликации во јавноста и кај вработените во МВР но СДСМ нема да дозволи ништо да го загрози изборниот процес ниту сигурносата на граѓаните.

Ова покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, тоа е истата партија на Никола Груевски, истата началничка и режимска политика, а тоа граѓаните ќе го казнат на 12 април“, соопшти СДСМ.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе