СДСМ: Измени на Законот за облигациони односи, каматата веќе не смее да биде поголема од долгот

Собранието ги усвои дополнувањата на Законот за облигациони односи по предлог на парламентарното мнозинство од СДСМ. На овој начин исправивме уште една голема неправда кон граѓаните и компаниите, соопшти СДСМ.

„Дополнувањата на Законот, кои во сила стапуваат веќе следниот месец, пропишуваат каматата на неплатениот долг да престане да расте кога ќе достигне износот на главнината, односно каматата повеќе не смее да биде повисока од износот на долгот.

Тоа значи дека ако одреден граѓанин или фирма имале долг од пред десеттина години, на сума од 1.000 денари, каматите што се таложеле со години и кои на крајот ќе треба да ги плати, нема да бидат повисоки од 1.000 денари.

Со овие измени ставаме крај на ситуациите кога за долг од на пример 500 денари должникот мораше да плаќа 5.000, 8.000 па и 10.000 денари по основ на камати.  Законското решение ќе важи и за граѓаните и за компаниите, и ќе се однесува на долгови од секаков карактер, на пример за застарени сметки за струја, вода, телекомуникациски услуги, обврски кон банки и слично“, се вели во соопштението на СДСМ.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе