СДСМ: Изјавите на Јанушев за лиценците за одгледување на канабис се исчадена петарда

Од помпезно најавуваниот скандал остана само уште една исчадена петарда во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и Јанушев, граѓаните повотрно ќе ги поразат политиките на лажни вести на Мицкоски, се вели во реакцијата на СДСМ на денешната изјава на генералниот секретар на опозициската партија Игор Јанушев.

„Без понуда, без програма на помалку од 100 дена пред избори, ВМРО-ДПМНЕ целосно потона во матрицата на лажни вести, измислици и конструирани случаи. Таква беше и денешната прес-конференција на нивниот генерален секретар Игор Јанушев. Од помпезно најавуваниот скандал со Законот за опојни дроги, останаа само лаги, измислици и „рекла-казала“ разговори. Уште една исчадена петарда во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и Јанушев.

Очигледна е безидејноста во белиот дворец што ВМРО-ДПМНЕ секојдневно мора да измислува и конструира непостоечки случаи. Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски преку измислици да добијат сите политички поени. Ништо не го менува фактот дека опозициската партија нема програма, нема идеја и не нуди ништо што е во интерес на граѓаните. Единствено што нуди се лажни вести, озборувања, одбрана на криминалот и обнова на режимот.

Затоа се во опозиција. Затоа ги загубија последните локални и претседателски избори и затоа ќе ги загубат и предвремените парламентарни избори“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе