СДСМ: Исплатени над 70 милиони евра поддршка за земјоделците

Од почетокот на годината досега се исплатени речиси 4,4 милијарди денари или над 71, 5 милиони евра финансиска поддршка за земјоделците, соопшти СДСМ. 

„Досега на земјоделците, преку програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година, исплатени им се над 3.6 милијарди денари, или над 58 милиони евра, а над 730 милиони денари или речиси 12 милиони евра се исплатени преку програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година“, се наведува во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека ова е рекордна исплата и не е забележана откако постојат програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

„Исплатата е извршена кон сите земјоделци, без поделби и калкулации како во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Остануваат да се доисплатат остатокот од субвенции за сточарите кои во моментот се жртви на партиски интереси на опозицијата“, велат од СДСМ.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе