СДСМ: Инвестиции од 100 милиони евра за патишта само во југоисточниот регион

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализацијата на капиталните инвестиции што се во интерес на граѓаните, економијата и државата. Само во југоисточниот регион, се реализаираат инвестиции од над 100 милиони евра за реконструирање и изградба на патишта.Во тој дел од државата за првпат по 40 години се реконструира патот Штип - Радовиш, а се гради и патот Штип - Кочани, соопшти СДСМ.

„Истовремено, низ целата држава се врши рехабилитација на околу 400 километри автопати, регонални и мегистрални патишта. Според официјалните податоци, речиси и да нема регион или место во државава каде не се одвиваат градежни активности, во градење и рехабилитација на патишта, во гасификација. железници, комунални проекти или проекти што ги реализираат локалните самоуправи со сопствени средства.

Покрај развој на инфраструктурата, реализацијата на овој инвеститциски циклус значително ќе го зголеми растот на капиталните инвестиции во вториот квартал и позитивно ќе влијае на економскиот раст.

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезедуваат економски раст, нови инвестциии и развој и унапредување на инфраструктурата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе