СДСМ: Институциите водат бескомпромисна борба против корупцијата, а ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на криминалот

Неоспорлив доказ за силна, неселективна и бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупција се последните полициски акции за разбивање на организираната група која незаконски издавала патни исправи, како и заплената на огромна количина на дрога што ги презеде Министерството за внатрешни работи. Овие две сложени акции каде се уапсени и вработени од МВР се силна потврда за професионалноста и ефикасноста на полицијата во спречување незаконско дејствување, се вели во соопштението на СДСМ.

„Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ наместо да го поздрави неселективниот пристап на полицијата, повторно застанаа на страна на криминалот и криминалните структури. За времетраење на сложената полициска акција „Двојник“ ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски направија неуспешен обид да ја саботираат акцијата преку пласирање на информации во тек на активна истрага.

По неуспешниот обид за саботажа, од белиот дворец продолжија со нови лаги и манипулативни конструкции за акцијата со што свесно го загрозуваат натамошниот тек на истрагата. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работат по иста разработена шема на лажни вести и неосновани напади кон МВР и полицијата и за акцијата во соработка со нашиот стратешки партнер САД и нивната ДЕА, каде беше запленета огромна количина на марихуана.

ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере  дека законите во оваа држава важат еднакво за сите, дека денес никој не е над правдата и секој одговара за сторените криминали. Денес, институциите се посветени на силна, неселективна и бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот. ВМРО-ДПНЕ и Мицкоски колку и да се обидуваат, нема да успеат во намерите да одбранат криминалци и криминал. Денес, нема недопирливи, секој одговара за своите дела“, соопшти СДСМ.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе