СДСМ: Имаме реално придвижување на економијата и напредок, а платите растат

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение информира дека клучните економски параметри покажуваат реално придвижување на економијата и успешност на владините економски политики во интерес на граѓаните.

„Индустриското производство во јануари оваа година е зголемено за 12 проценти во однос на истиот месец лани. Реалните економски политики придонесоа во 2018 година растот на индустриското производство да биде најголем во последните седум години.

Оптимизмот за засилениот економски развој го потврдува и рекордниот износ на директни странски инвестиции од 624 милиони евра во 2018 година. За значителни 20 проценти пораснат е и извозот од индустриските зони кој во 2018 година изнесува 2.4 милијарди евра. Зголемувањето на Бруто домашниот производ од 3.7 проценти е уште една потврда дека годините на економско уназадување се зад нас, Република Северна Македонија оди напред, економијата оди нагоре. Платите растат и ќе продолжат да растат, сѐ повеќе пари завршуваат кај граѓаните, се подобрува животниот стандард“, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваа дека членството во НАТО и ЕУ дополнително ќе ги интензивира овие позитивни економски текови, во интерес на граѓаните и затоа е многу важно да се продолжи по  патот на интеграциите, на напредокот, на иднината.

 

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе