СДСМ: Имаме најдобра кадровска и програмска понуда за општините

На последниот ден од кампањата јасна е разликата на понудите на СДСМ и коалицијата Најдоброто за мојата општина и останатите политички партии и коалиции. СДСМ и коалицијата на овие избори ја имаат најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина. ВМРО-ДПМНЕ нуди стари кадри на Груевски, меѓу кои има и осудени лица и лица против кои се водат судски постапки, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Ние нудиме издржани проекти, проектирани според реалните состојби, во рамки на буџетите на соодветните општини, со реални рокови и реален план. ВМРО-ДПМНЕ нудат неостварливи проекти со цел да ги измамат гласачите, без при тоа да водат сметка за буџет или реални проекции. Ние ги решававме децениските проблеми, тие ги создаваа и комплицираа.

СДСМ вложуваше во сите општини и граѓаните,  ВМРО-ДПМНЕ  се протиивеа на секоја мерка што носеше повеќе пари во семејните буџети. Недела е ден за одлука. Гласајте го најдоброто за вас и вашите деца, за вашата општина, дајте го вашиот глас за број 12. Развојот и напредокот на општините зависи и од локалните совети, затоа заокружете 12 и за листата на советници. Да не дозволиме да ни се пресликаат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во советите кои ги сведочиме во Собрание.

Во недела на 17 октомври да заокружиме 12 да го одбереме најдобриот градоначалник и најдобрата советничка листа за нашата општина“, соопшти СДСМ.

 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе