СДСМ: И во пандемија не престанува антидржавното однесување на Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ

По ООН, лагите на ВМРО-ДПМНЕ се демантирани и од ЕУ. Опозициската партија не може да се помири со фактот дека почнуваме преговори со Унијата и станавме членка на НАТО. ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски продолжуваат неодговорно да се однесуваат и да пласираат лажни вести само заради тоа што не можат да се помират со успехот што нашата држава го постигна на меѓународен план за толку краток период, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако беа демантирани од Обединетите нации, сега добија демант и од Европската унија, од каде јасно порачаа дека едностраната изјава на Бугарија не ги менува заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ за отворање на преговорите, поддржани и од Европскиот совет.

И во време на глобална пандемија не престанува неодговорното и антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ, за само две и пол години, успеа државата да ја врати на европските и евроатланските патеки, добивме датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, станавме членка на НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ за 11 години единствено што успеа е да ја изолира државата на меѓународен план, а на внатрешен план станавме заробена држава, во која царува криминалот и корупцијата.

Токму затоа лажните вести што ги пласираат ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски, за наводни дополнителни услови и пречки во пресрет на отворањето на преговорите со ЕУ и одржувањето на првата меѓувладина конференција, се класични лажни вести на кои никој не верува“, се вели во реакцијата на СДСМ.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе