СДСМ и коалициските партнери ќе разговараат за можен консензуален претседателски кандидат

Во седиштето на СДСМ денеска ќе се одржи првата работна средба на партиите од коалицијата предводена од СДСМ што заеднички настапи на последните парламентарни избори.

Извршниот одбор на СДСМ на последната седница го овласти претседателот на партијата, генералниот и организациониот секретар, да направат консултации со коалициските партнери (ЛДП и НСДП) како и со други парламентарни и вонпарламентарни партии околу можностите да дојдат до консензуален кандидат за претседател на државата.

„Овие денови предвидено е консултациите да продолжат со партиите што се дел од владината коалиција, со парламентарни, но и други партии“, соопшти СДСМ. 

Веројатно веќе утре на пладне Заев треба да оддржи средба и со лидерот на ДУИ Али Ахмети, а за наредните денови се очекува да се сретне со двете крила на Беса предводени од Африм Гаши и Биљал Касами, како и со лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе