СДСМ: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ наместо за граѓаните, се грижат за личните и партиски интереси

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ по кој знае кој пат, докажаа дека воопшто не се грижат за граѓаните, туку на прво место ги ставаат личните и партиските интереси. Тие изминатите 10 месеци не работат ништо. Парите на граѓаните ги трошат на лускуз и партиски вработувања, додека општините и јавните претпријатија тонат во долгови, обвинува СДСМ во утринското соопштение.

„Во време на криза наместо да им помогнат на граѓаните, тие дополнително го влошуваат нивниот стандард со покачување на цените на комуналните услуги. Општина Штип за 100 отсто ја зголеми цената на ѓубрарината. Зголемување на комуналните услуги за 25 отсто има и во општина Виница, додека во општина Радовиш се покачени давачките за комунални услуги. Во Прилеп пак, поскапе јавниот такси превоз“, пишува во соопштението.
Од партијата додаваат дека додека цените на услугите растат, јавните претпријатија раководени од ВМРО-ДПМНЕ се полнат со партиски кадри, а нивните градоначалници и директори за само 10 месеци успеале да ги задолжат и партизираат јавните претпријатија со кои раководат, за сега да бараат помош од Владата со цел да ја сокријат нивната неспособност.

 

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе