СДСМ: Големи се хипотеките на Мицкоски кон тајкунот на режимот, Камчев

Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ скокнаа да го бранат Орце Камчев, иако бизнисменот е осомничен во предмет во кој со 1,3 милиони евра наводно украдени од донации на партијата се купувале плацеви на Водно, реагира СДСМ преку соопштение.

„Во овој предмет првоосомничен е Никола Груевски, второосомничен е Сашо Мијалков, третоосомничен кумот на Груевски, а четвртоосомничен е Орце Камчев. На лидерот на белата палата во стечај, Мицкоски, очигледно му е поважен Орце Камчев, од финансиите на партијата.
Ова покажува колку се големи хипотеките на Мицкоски кон тајкунот на режимот Орце Камчев. Затоа бранител на Камчев е првиот човек на партиската правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Менкиновски, кој заедно со докажаниот губитник Мицкоски не успеа да го спречи носењето на Законот за јавно обвинителство“, се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ порачуваат дека Мицкоски не успеал да ги заштити криминалците во своите редови, па нема да успее ниту сега да го одбрани криминалот на режимот.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе