СДСМ: Годинава ќе почне изградбата на новиот клинички центар во Ѓорче Петров

Градиме здравствен систем што се грижи за граѓаните, годинава започнува изградба на нов клинички центар, се набавуваат и нови возила за итната помош. За две и пол години, СДСМ покажа што значи вистинска грижа за здравството, лекарите и пацитентите, се вели во соопштението на СДСМ.

„Преку одговорни мерки и политики градиме здравствен систем кој се грижи и нуди квалитетни здравствени услуги за сите граѓани. Годнава започнува изградбата на нов клинички центар во Ѓорче Петров со целосно современа зграда и интегриран тип на услуги за да се обезбеди врвна здравствена заштита на пациентите.

Во текот на оваа година е предвидено купување на 70 нови возила на итната медицинска служба, но обновување на возниот парк ќе се спроведува континуирано секоја година од новиот мандат.

Платите на лекарите, специјалистите и медицинскиот персонал ќе продолжат да растат. Новата програма на СДСМ предвидува и зголемување на платите на здравствените работници до 10 отсто секоја година, со цел тие да останат тука, да пружаат услуги во јавното здравство.

Посветеноста и сериозноста на СДСМ во создавање на функционален здравствен систем и овозможување брза и квалитетна услуга за пациентите продолжува“, соопшти СДСМ.

Македонија спаѓа во групата држави во кои се преземени ригорозни ограничувања на човековите права заради справување со коронавирусот. 

повеќе

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе