„ВМРО-ДПМНЕ од 2015 година па наваму тврди дека одлуката на Иванов е исправна и врз основа на постоечки член. Денеска, на седницата на Законодавно-правната комисија без збор, без дискусија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа дека не постои таков член, односно дека Иванов надвор од законот аболицирал врз основа на непостоечки член. Ниту тогаш, ниту пак сега има правна можност да се даде такво помилување и аболицијата на Иванов е незаконска и ништовна.
Денеска тоа го призна и ВМРО-ДПМНЕ. Залудни се нивните обиди преку лице обвинето во предмети на СЈО да се обидуваат да го дефокусираат вниманието од нивниот неуспех да ја оживеат незаконската аболиција.
Со затворањето на нелегалната аболиција на Иванов, се отвора простор реформите во правосудството да продолжат. СДСМ не дозволи и нема да дозволи нови амнестии, одговорност за сите мора да има“, соопшти СДСМ.