СДСМ: Го слушаме гласот на народот, да се обединиме за напредок на државата

Сите партии од коалицијата јасно потврдија дека имаме парламентарно мнозинство и владина коалиција која е стабилна, обединета, коалиција која го води нашето општество напред, силна и сплотена. Разобличени се сите дезинформации во јавноста за наводни нови парламентарни мнозинства, соопшти утрово СДСМ.

„Продолжуваме да работиме посветено, заедно за доброто на граѓаните. Пред нас имаме друг предизвик. Граѓаните ни упатија критика. А, ние тој став го слушаме и го уважуваме. Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки. СДСМ ги слуша луѓето, не гази врз нив. СДСМ учи од грешките. Постојано се менуваме и ги поправаме грешките за да обезбедиме подобар живот за граѓаните. Ние сме демократска партија која се менува после критика.

СДСМ од понеделникот влезе во процесот на унапредување на комуникација со граѓаните и на тој начин стануваме уште подостапни за народот и ги зајакнуваме механизмите за брз одговор на сите потреби. Од овој момент, постапуваме по насока која ја дава народот.

Да се обединиме и да го дадеме гласот за напредокот на државата. Во вториот круг сме во 40 општини меѓу кои и Град Скопје. Токму Скопје ја влече државата напред. Скопје е наше, на сите. Пред сѐ на скопјани, но и на Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и другите. Напредокот е невозможен ако Скопје продолжи назад. Гласот за СДСМ на 31 октомври е глас за живот во слобода и демократија, со власт која слуша и се коригира, а не со режимска власт пред која народот молчи“, пишува во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека со СДСМ продолжува растот на платите, пензиите, стипендиите, парите одат кај граѓаните, во мостови, железници, булевари, а не во споменици, а земјата продолжува да се движи по европскиот пат. Истовремено повикуваат на обединување околу идејата која води напред, во иднината, кон подобар живот и слободно утре.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе