„Сценарио кое нема да успее“

СДСМ го повика Мицкоски да каже за средбите со луѓето кои се гледаат на снимките за „Рекет“

СДСМ никогаш нема да отстапи од начелото „Нема правда, нема мир“ и до крај ќе се бориме да го вратиме правото и правдата во Република Северна Македонија, најави  денеска партискиот портпарол и пратеник Костадин Костадинов.

Пред новинарите Костадинов рече дека ги охрабруваат правосудните органи и од нив бараат да ги расчистат сите околности околу актуелниот случај.  

„Бараме истрагата да се забрза од надлежните институции кои мора да дадат целосни одговори за сите актери кои учествувале во противправни дејствија, како и да даде одговори за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во овој случај.

Особено да даде аргументирани одговори за тоа кој сѐ е вклучен во овој криминал и од кои сѐ предмети што се истражуваат кој прави напори да се спаси.

Никој не е заштитен и никој не е и нема да биде поштеден во Република Северна Македонија. Јавноста има право да ја знае вистината.

Сѐ што се случува, вклучувајќи ја и денешната објавување на снимка е дел од однапред подготвено сценарио. Сите мрачни сили се впрегнати во поништување на правната држава и загрозување на евроатланските интеграции на Република Северна Македонија.

Убедени сме дека на крајот вистината ќе излезе на виделина. Ќе пропаднат очајничките обиди на саботажа на истрагата или за нечиј спас од истата“, рече Костадинов.

Според него, „овие подземни обиди“ само ќе ја забрзаат и интензивираат истрагата и ќе ги извадат на површина сите актери и учесници во случајот „Рекет“.

Костадинов го прозва и Христијан Мицкоски, кого го нарече дублер на Груевски и на фамилијата, кој, како што рече, со недели се обидува да инкриминира функционери од СДСМ и му постави неколку прашања.

„Дали погрешниот таргет на опозицијата е обид да ги прикрие сопствените траги? Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на снимките тој лично разговарал? Кога се случиле ваквите разговори? Во какви зделки е, доколку разговарал со луѓето кои се гледаат на снимките? Дали и што примил на рака? Кој ги лиферувал снимките во италијанскиот медиум?“, праша Костадинов и додаде дека го потсетуваат „Христијан Мицкоски и ДПМНЕ на зборовите на нивниот шеф: вистината е како шило, кога тогаш, ќе излезе на виделина“. 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе