СДСМ: Ги зголемуваме стипендиите, продолжуваме со вистинска грижа за младинскиот стандард

Стипендиите на учениците и студентите сериозно се зголемуваат и се воведуваат нови како резултат на исполнување на долгогодишните заложби за унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард, соопшти СДСМ.

„Во таа насока, во делот на ученички стипендии за средношколците, од новата учебна година ќе се доделуваат 14 различни категории на стипендии и сите ќе бидат во износ од 3.500 денари. Тоа е двојно зголемување споредено со периодот од пред само две до три години.

Стипендиите за студентите ќе се доделуваат во 11 категории, каде најбројни се стипендиите за социјална поддршка на студенти и за студенти со висок просечен успех.

Износите се изедначуваат за 9 категории и ќе изнесуваат 6.050 денари месечно, што е сериозно зголемување имајќи предвид дека тие досега се движеа од 3.300, 4.000 до 4.400 денари месечно, а сега се зголемуваат и изедначуваат на 6.050 денари.

Стипендиите кои се доделуваат на студенти запишани на програми по хемија, физика и математика остануваат во износ од 18.000 денари на месечно ниво. За првпат по повеќе од една деценија се враќаат стипендиите за постдипломски студии и за првпат воведуваме стипендии за докторанди во износ од 18.000 денари.

Ова е пример за вистинска грижа за младите од страна на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев. Како одговорна социјалдемократска партија остануваме посветени на креирање мерки и политики кои го унапредуваат младинскиот стандард. Младите се нашата иднина и влогот во нив е влог во развој на нашето општество“, соопшти СДСМ. 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе