СДСМ ги повика пратениците да гласаат за ребалансот на Буџетот

Пратениците од сите политички партии во Собрание да покажат одговорност и конструктивност и да ги донесат измените и дополнувањата на буџетот за 2020 година, со кои се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на четвртиот пакет мерки на Владата предовдена од СДСМ, за справување со економските последици од корона кризата, повикува СДСМ во денешното соопштение.

„Средствата од овој пакет мерки ќе бидат наменети за поддршка на 83.000 работни места, односно со 70 милиони евра ќе се субвенционираат вкупно 250.000 плати за октомври, ноември и декември. Овој пат, поддршката за исплата на плати ќе биде скалеста и ќе се движи од 14.500 до максимални 21.776 денари месечно, согласно падот на прометот на компаниите кои аплицираат за финансиска помош.
Со 27,6 милиони евра ќе се помогнат 283.000 граѓани кои ќе добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари. Домашни платежни картички ќе добијат пензионери со пензии до 15.000 денари, самохрани родители, невработени лица, како и лица над 64 години кои немаат социјална пензија ниту други приходи“, пишува во соопштението.
Од СДСМ дополнуваат дека четвриот пакет содржи уште дваесеттина мерки преку кои се обезбедува силна поддршка за компаниите преку поволни кредити, грантови, но и даночни олеснувања за брзо опоравување на секторите кои се најмногу погодени.

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе