Реакција

СДСМ: Функционирањето на правната држава е најголем проблем за Христијан Мицкоски

Христијан Мицкоски, седнат во белиот дворец, симболот на криминалот и корупцијата, уште еднаш потврди кој е неговиот најголем проблем-функционирањето на правната држава и СЈО, реагира СДСМ на интервјуто на Мицкоски за Канал 5.

„Само тоа го мачи Христијан Мицкоски, несигурен е, не може да го одбрани криминалот на режмот, криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и неговите соработници.

Несоодвета е каква било споредба на владеењето на криминалната ВМРО-ДПМНЕ и режимот кој ја опустоши државата во изминатите 11 години со позитивните промени во сите сфери во последните 2 години.  СДСМ и Зоран Заев за неполни две години ја кренаа земјата, економијата расте, од заробена држава станавме светол пример во регионот.

ВМРО-ДПМНЕ создаде режим, ја оддалечи земјава од НАТО и ЕУ. СДСМ за две години обезбеди членство во НАТО, најпозитивен извештај од ЕК и чиста препорака.

Како на меѓународен план така и на внатрешен, за 2 години е напревено повеќе отколку во изминатите 11 години.

Економијата на пример од назадување и -1.8% во времето на ВМРО-ДПМНЕ, за 2 години има раст од 4.1%. Платите се зголемија за 2 илјади денари а пензиите за над 800 денари. Рекордните износи на странски и инвестиции се забележани и во меѓународните извештаи”, соопшти СДСМ.

Оттаму додаваат дека напредокот е одлика на СДСМ, а изолацијата и уназадувањето, криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„За да го забрза тој напредок СДСМ продолжи да се менува. Само во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е истата партија во која се уште шеф е Никола Груевски. Затоа Мицкоски се плаши од промените, го чека нов пораз и покрај силењето за некакви предвремени избори кое е само за внатрешна употреба, загрижен за својата партиска позиција”, соопштија од СДСМ.

 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе