СДСМ: Функционери на ВМРО-ДПМНЕ масовно ги кршат мерките, а партијата глуми загриженост за здравјето на граѓаните

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со незрело и несериозно однесување, опасно за здравјето и масовно ги прекршуваат мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот, обвинува СДСМ.

„Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, веројатно инспириран од својот шеф Христијан Мицкоски, вчера ги прекршил забраните за масовни собири. Ристески со поголем група луѓе, без дистанца и без никаква заштитна опрема тера партиска агенда, додека неговата партија секојдневно глуми загриженост за здравјето на граѓаните.
Класично лицемерно однесување на антинародното ВМРО-ДПМНЕ, глуми загриженост за здравјето на граѓаните а нивни фунцкионери од Мицкоски па надолу секојдневно ги кршат мерките и забраните и го загрозуваат јавното здравје“, пишува во соопштението на СДСМ во кое додадени и фотографии од собирот.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе